Македонија
30. November 2022 - 16:43

Кичевчанец возел такси без лиценца

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.С.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

При контрола, извршена на 11.11.2022 на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување на такси патничко возило „фолксваген голф“ и констатирале дека нема соодветна лиценца за вршење јавен такси превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.