Кичевчанец испрал над милион евра
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Н.Ш. (39) од Кичево поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – „перење пари и други приноси од казниво дело“, при што во периодот од 1 јануари 2016 година до 24 август 2017 година во промет пуштил вкупно 63.845.147 денари или 1.038.132 евра противправно стекнати парични средства.
-Имено, Н.Ш., основач и управител на друштвото „ШЕЈДОТРАНС ДООЕЛ“- Кичево, со намера, да се стекне со противправна имотна корист, во период од година и пол, односно од 1 јануари 2016 година до 24 август 2017 година, во промет пуштал парични средства, противправно стекнати од деловни активности на правното лице, без притоа да ги евидентирал и уплаќал во целост во дневниот промет од деловните активности на правниот субјект. Наедно вршел и фалсификување на деловни книги и со тоа ја прикривал и намалувал даночната основица врз основа на која се пресметуваат и плаќаат даночните обврски по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и персоналниот данок, соопштуваат од Министерство за внатрешни работи.
Пријавениот, со цел противправно стекнатите парични средства да ги сокрие од државните даночни органи, од комерцијални банки подигал кредити на негово име како физичко лице, како и на име на уште две лица, вработени во правниот субјект во негова сопственост, а кредитите предвремено биле отплаќани.
Исто така, наведуваат од МВР, Н.Ш. со намера целокупниот износ на нелегално стекнатите парични средства да ги префрли на трансакциски сметки отворени на негово име во комерцијални банки во државата, извршил и повеќе раситнети трансакции „од“ и „кон“ правното лице „ШЕЈДОТРАНС“, а по негов налог еден дел од овие средства во износ на 500.000 евра, по наводен основ за “вложување во акции и удели“ биле префрлени на трансакциска сметка во Австрија, отворена на име на правно лице во Австрија во кое пријавениот се јавува како сопственик.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
