КХВ: Прекината постапката за издавање дозвола за понуда за преземање на „Макпетрол“
Комисијата за хартии од вредност на денешната седница донесе заклучок за прекинување на поведената постапка по Барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на „Макпетрол“ од страна на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“.
Постапката, како што соопшти КХВ, е прекината заради решавање на претходно прашање кај друг надлежен државен орган.
- Заклучокот е врз основа на член 1, став 2 од Законот за преземање на акционерски друштва, како и врз основа на член 147 став 1 од Законот за општата управна постапка. Според овие законски одредби, ако КХВ како орган што ја води постапката, наиде на прашање, кое претставува самостојна правна целина во надлежност на друг орган, а без чие решение неможе да се одлучи за поднесеното барање, КХВ ја прекинува постапката, додека надлежниот орган не се изјасни по претходното прашање, се наведува во соопштението.
КХВ информира дека постапката по барањето на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ ќе продолжи по решавањето на претходното прашање од страна на надлежниот државен орган.
Ново на Сител
-
Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
-
Фрчкоски сам ќе се повлече од амбасадорската функција, со документи ги негира обвинувањата од МНР
-
И Грците не планираат, но не исклучуваат средба Мицотакис - Мицкоски на НАТО самитот во Вашингтон
-
Струмичанецот каснат од пајак “Црна вдовица” закрепнува на Токсикологија
-
Кумановец едвај се спаси, со часови тонел во жива кал крај Пчиња
-
За некористените и скапи акцелератори, Таравари ќе побара помош и од обвинителство