Керн: Политиката на Трамп кон бегалците е неприфатлива
Австрискиот канцелар Кристијан Керн денеска најостро ја осуди политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон бегалците, јави Танјуг.
Пред почетокот на неформалниот самит на ЕУ за бегалците во Ла Валета, Керн кажа дека САД, заради своите интервенции, имаат заедничка одговорност за бранот бегалци.
Според него, за меѓународната заедница ставот на Трамп е неприфатлив.
Керн, исто така, оцени дека забраната за влез на државјаните на седумте исламски земји е многу проблематична.
- Сакавме Трамп да го оцениме по делата. Сега ни испорача дела што се загрижувачки, предупреди Керн.
Во врска со Либија тој кажа дека Европа мора ја контролира имиграцијата и дека не смее одлуката да им ја препушти на шверцерите.
Европа, додаде тој, има и обврска да внимава каква е состојбата во бегалските прифатни центри на своите граници, како и ситуацијата во врска со човековите права.
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес