Кери: САД ја поддржува Грција
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Атина се сретна со американскиот државен секратар Џон Кери, кој претходно разговараше и со премиерот Алексис Ципрас.
Kери истакна дека САД ја поддржуваат Грција, економската обнова на земјата и жртвите на грчкиот народ, и додаде дека треба да се вложат напори за во целост да се спроведе договорот за трета финансиска помош.
Тој додаде дека ако Грција го продолжи патот на реформите, американската Влада ќе стори се што може да го убеди американските компании дека Грција е „отворена за бизнис“.
Во врска со бегалската криза, Кери истакна дека тоа е глобален проблем и ја пофали улогата на Грција која „и покрај економската криза во земјата прима бегалци од Сирија“.
Американскиот дипломат ја поздрави одлуката на ЕУ за финансиска помош за Турција, истакнувајќи дека неговата земја од почетокот на бегалската криза дала 4,5 милијарди долари за поддршка на бегалците. Тој инфроамира дрка во следниот период преку УНХЦР за Грција ќе бидат распределени 24 милиони долари, директно од САД, за зајакнување на структурите.
Кери истакна дека вистинското решение за бегласката криза е што побрз прекин на огнот и политичко решение во Сирија. Во тој контекст, тој ја изрази посветеноста на САД да се забрза дипломатска иницијатива за прекин на огнот и политичка транзиција во власта.
Ново на Сител
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании