Кери пристигна во Абу Даби на разговори за мировниот план за Сирија
Американскиот државен секретар Џон Кери денеска пристигнува во Абу Даби на разговори со високи претставници на Обединетите Арапски Емирати за напорите за формирање делегација на сириската опозиција за евентуални мировни преговори со режимот во Дамаск, пренесоа француските медиуми.
Државниот секретар ќе разговара со принцот престолонаследник шеикот Мохамед бин Заид Ал Нахајан и шефот на дипломатијата шеикот Абдула бин Заид Ал Нахајан.
Во Абу Даби Кери ќе се сретне и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ибн Ахмед ал Џубеир, информира член на американската делегација.
Посетата на американскиот државен е дел од напорите за прекин на граѓанската војна во Сирија, во која за 4,5 години се убиени над 250.000 лица.
Кери од Абу Даби заминува за Израел и палестинските територии, каде треба да повика на прекин на насилството, кое од почетокот на октомври зеде над 100 жртви.
Ново на Сител
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство
-
Марта Кос: Владата во Србија не исполни ниту една од реформите што ги вети во декември
-
Управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта, приведен 68-годишник од Ресен
-
ФБИ ќе го зголеми фокусот кон илегалната имиграција
-
МВР: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови