-->
-->
Кери изрази поддршка за стабилноста на Египет
-->

Државниот секретар на САД Џон Кери ја изрази поддршката на САД за стабилноста во Египет и истакна дека ги разгледал начините за намалување на разликите со властите во Каиро.
Кери за кратко го посети Каиро, на пат за саудиската престолнина Ријад, каде ќе му се придружи на претседателот на САД Барак Обама за утрешната средба на високо ниво на шесте земји од Советот за соработка во Заливот.
- САД го разбираат значењето на Египет во регионот, рече Кери по средбата со претседателот Абдел Фатах ал Сиси, се наведува во соопштение на Стејт департментот.
Врските меѓу САД и Египет се затегнаа, откако во јули 2013, актуелниот шеф на египетската држава Ал Сиси го собори првиот демократски избран претседател, исламистот Мохамед Морси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
