Кери и се заблагодари на Албанија за прифаќањето на муџахедините

Американскиот државен секретар,Џон Кери денеска посебно внимание и посвети и на Албанија „заблагодарувајќи и се за дадениот придонес за прифаќањето и сместувањето на припадници на иранската опозиција“, јави дописникот на МИА.
- Годинава ја посетив Тирана и разговарав со албанската Влада, како може да асистираме во олеснувањето на трансферот и сместувањето на последната група на припадниците иранската опозициска организаицја Народни муџахедини од кампот „Слобода“. Албанија има традиција од порано во заштитата на ранливите заедници, како што беше за време на конлфиктот во Косово и во заштитата на голем број Евреи за време на Втората светска војна. Многу сум благодарен што и во овој случај Албанија беше подготвена да одигра значајна хумана улога, ја пренесува тиранската телвизија Топ-чанел изјавата на Кери.
Кери е прв висок американски функционер кој јавно и се заблагодарува на Албанија за прифаќањето на муџахедините.
За време на неговата посета на Тирана во средината на февруари годинава, албанските медуми пренесоа дека тој дошол поради муџахедините.
Агенцијата Балкан веб пренесе и изјава на висок функционер на американскиот Стејт департмент, кој соопшти дека во изминативе две години Албанија прифатила „илјада муџахедини и се согласила да прими уште две илјади“.
- Всушност САД и помогнаа на Албанија за да ја прифати оваа група, која и помогна на американската војска во текот на операциите на Блискиот Исток во борбата против тероризмот. Оваа помош изнесува 20 милиони долари преку Високиот комесаријат на ОН за бегалци, (УНЦХР), изјавил високиот американски функционер.
Според агенција, тоа значи дека Албанија ќе ги згрижи сите муџахедини од кампот „Слобода“ во Ирак.
Ново на Сител
-

Пораки и ветувања од кандидатите спроти изборниот молк утре на полноќ
-

Тема на денот со Томе Христовски, кандидат за градоначалник на Крушево од СДСМ
-

Вечерва завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Скопје
-

Арсовска сепак назначи нов директор на Kомунална хигиена
-

Дистрибуиран гласачкиот материјал, во четири општини нема да се гласа
-

Меџити не исклучува Села да влезе во Владата, тој пак, тврди дека останува опозиционер
-

Капитални проекти, парична помош за пензионери, смарт осветлување се дел од проектите на кандидатите за скопските општини
-

Една претставка за изборите стигнала во КЗСД – утре ќе одлучуваат и за случајот со кичевскиот градоначалник Дехари
