-->
-->
Кери и Лавров согласни да се продолжи примирјето во Сирија за уште 48 часа
-->
Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се согласија денеска дека договорот за прекин на огнот во Сирија се почитува. Тие договорија негово продолжување за уште 48 часа за да се овозможи подобар пристап на хуманитарците.
– Постои согласност дека договорот се почитува и покрај извештаи за спорадично насилство, изјави Март Тонер, портпарол на Стејт департментот.
Тој додаде дека Кери и Лавров се договориле примирјето да продолжи за уште 48 часа.
Примирјето стапи на сила во првиот ден од Курбан-бајрам. Беше договорено на состанок на шефови на дипломатии на САД и на Русија, а тоа е нивни втор обид да се запре петгодишната војна во Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа