Керемедчиев: САД ќе го зголемат притисокот врз Бугарија поради Македонија
Поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија во времето на премиерот Симеон Саксобурготски, Милен Керемедчиев за БНР изјави дека притисокот од САД врз Бугарија ќе се зголеми.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Керемедчиев, Бугарија се однесува како лута девојка, но всушност Бугарија е членка на ЕУ и не треба да дава објаснување на кандидат за членство во ЕУ. Нејзиното однесување многу повеќе боли бидејќи другите западноевропски партнери не ја разбраа позицијата на Бугарија, рече Керемедчиев.
Според него, претседателот на Бугарија Румен Радев кој го доби победничкиот втор мандат, има поинаква визија од лидерите на „Продолжуваме со промената“ за односите на Бугарија со Република Македонија. Расположението во Бугарија прилично се совпаѓа со ставот на претседателот Румен Радев, но треба да се напомене дека следната година притисокот врз Бугарија, особено од САД, ќе биде исклучително силен. Како пример, Керемедчиев укажа на изјави од Конгресот на САД.
За Крим и говорот на Румен Радев на дебатите со неговиот противкандидат проф. Анастас Герџиков пред вториот круг од изборите, Керемедчиев истакна дека ова е предизборна изјава за одреден електорат во Бугарија. Според него, реакцијата на Украина била нервозна бидејќи тамошните власти се чувствуваат предадени од САД и Европа. Керемедчиев истакна и дека тензиите со Турција околу изборите и гласањето на бугарските иселеници од Турција, не е преседан.
Ново на Сител
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип