Келог: Украина може да биде поделена како Берлин по Втората светска војна
Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека Украина може да биде поделена „речиси како Берлин по Втората светска војна“, како дел од мировниот договор.
Келог предложи британските и француските војници да ги преземат контролните зони на западот на Украина, додека руската армија да остане на истокот на земјата, а меѓу тие зони да бидат украинските сили и демилитаризирана зона, пишува „Тајмс“.
Келог, кој има 80 години, рече дека англо-француските сили на западната страна на реката Дњепар, која ја дели Украина од север кон југ и тече низ Киев, нема да дејствуваат како „провокација“ за Москва.
Тој додаде дека Украина е доволно голема за да дозволи присуство на неколку воени армии кои би го координирале прекинот на огнот.
Тоа речиси би можело да изгледа како Берлин по Втората светска војна, кога имаше руски, француски, британски и американски сектор. Дњепар е голема пречка, додаде Келог, објаснувајќи дека Америка нема да испрати копнени трупи, но предложи формирање демилитаризирана зона широка 28 километри долж постојните контролни линии во источна Украина.
Планот на Келог подразбира имплицитно признавање на „де факто контролата на Русија“ над териториите што таа моментално ги окупира.
Тој призна дека рускиот претседател Владимир Путин можеби нема да ја прифати предложената поделба на зони на контрола, но ја нагласи потребата да се воспостави тампон зона меѓу украинските и руските линии за да се спречат инциденти.
Тој, исто така, рече дека Украина треба да одржи нови избори откако ќе се постигне прекин на огнот.
Тој оцени дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е отворен за одржување избори, но дека тоа е одлука што ќе ја донесе украинскиот народ, а не САД.
Келог нагласи дека односите меѓу Вашингтон и Киев „се враќаат на вистинскиот пат“, истакнувајќи дека преговорите за евентуален договор за украинските минерали се обновени.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртел на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило