Келог: Светот мора повторно да воспостави максимален притисок врз Иран

Кит Келог, предложениот пратеник за Украина на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, вчера изјави дека светот мора да се врати на политиката на „максимален притисок“ врз Иран за да го претвори „во подемократска земја“.
- Овие притисоци не се само кинетички, не се само воена сила, туку тие мора да бидат и економски и дипломатски, рече Келог на средбата со иранската опозициска група Национален совет за отпор на Иран (НЦРИ) во Париз, пренесуваат британските медиуми.
Келог изјави дека постои можност Иран да се промени на подобро, но дека оваа можност „нема да трае вечно“. -Мораме да ја искористиме слабоста што ја гледаме сега. Има надеж, мора да има акција, нагласи тој.
Западните медиуми пренесуваат дека не е познато дали Келог ќе го искористи своето патување во Париз за да се сретне со француските претставници за да разговараат за Украина.
Британските медиуми пренесуваат дека француското претседателство, Министерството за надворешни работи и тимот за транзиција на Трамп не одговорија веднаш на барањето за коментар.
Трамп во кампањата вети дека ќе се врати на политиката што ја водеше во неговиот претходен мандат, која работеше на уништување на иранската економија со цел да ја принуди земјата да преговара за нејзината нуклеарна програма, програма за балистички ракети и регионални активности, додадоа британските медиуми.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
-

Утврдени кандидатите за новата ДИК
-

Минчев најавува реформи во државната служба - нема веќе доживотни и недопирливи функции
-

Мицкоски од Давос: Инвестиција од 100 милиони евра во развој на трет мобилен оператор
