Казни за 99 возачи на територијата на Прилеп, 39 биле без возачка дозвола
Санкционирани се 99 возачи во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.30 до 19.30 часот во рамки на акцискаѕа контрола на територијата на Прилеп, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи од страна на Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.
При контролата, соопштија денеска од МВР, од вкупниот број санкционирани возачи 39 се за возење без возачка дозвола, осум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, седум мерки за некористење заштитна кацига при возење мотоцикл, две санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), четири мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за возење со брзина поголема од дозволената...
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Ново на Сител
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Луксембург најави признавање на палестинска држава
-
Ноќеска голем пожар подметнат во сервис за возила пред Пинтија
-
Меѓународна конференција за односите меѓу Западен Балкан и Кина
-
Зеленски упати барање до Трамп и предупредување до НАТО
-
Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи
-
Аксиос: Израелската армија започна копнена офанзива за освојување на градот Газа
-
Трамп: Не знаев за израелскиот напад врз Катар