Македонија
18. September 2022 - 13:52

Казнети 133 пијани возачи на територијата на цела држава

Казнети се 133 возачи синоќа  од 22.00 до 04.00 часот во спроведената зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија.

Кај двајца возачи, информираат од МВР, се утврдени дури над два промили алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.