Казнети 114 трговски објекти кои пресметувале ДДВ на основни производи
УЈП казни 114 трговски објкети за овие два дена. Кај нив е констатирано дека не ги прилагодиле фискалните каси и и натаму основните прехранбени производи ги продаваат со 5% ДДВ иако државата го укина данокот.
Според мерката на Владата лебот, брашното ТИП 400, јајцата, млекото, шеќерот, месото, оризот и маслото за јадење се продаваат без ДДВ и затоа треба да имаат пониска цена од претходно. Освен тоа, Владата го намали ДДВ и за горивата и сега наместо 18, тој изнесува 10%.
Трговците имаа рок до 17 март да ги прилагодат касите, а УЈП им најави и дека ќе ги контролира. Од петокот извршени се 611 контороли, најмногу од нив се во Скопје, а неправилности се констатирани во сите градови.
Казните што ги изрекува УЈП зависат од големината на трговците, од бројот на вработени како и од тоа дали фирмата претходно била казнувана. Казните се мали, до 1000 евра, затоа што во претходниот период во рамки на процесот за олеснување на условите за работа на приватниот сектор тие беа намалени.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар