-->
-->
Казнети 112 возачи на територија на СВР Битола
-->

Вкупно 112 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на Секторот за внатрешни работи Битола.
Како што соопшти МВР, во контролите во областа на сообраќајот изречени се 35 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 18 мерки за возење без возачка дозвола, а еден возач бил казнет зошто управувал возило под дејство на алкохол.
Казнети се 22 возачи за непрописно престигнување, а 16 за непрописно паркирање. Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон при возење...
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
