Свет
6. January 2022 - 12:54

Казахстан: 13 припадници на безбедносните сили загинаа во протестите, над 350 повредени

 Тринаесет припадници на безбедносните сили загинаа за време на насилните масовни протести поради цените на горивата во Казахстан, јави ДПА повикувајќи се на државните медиуми.

Според казахстанските медиуми, смртните случаи се регистрирани во Алмати, најголемиот град во државата и место на големи немири во изминатите денови. Повредени се најмалку 350 припадници на безбедносните сили. Во државните медиуми нема информации за загинати цивили.

Претходните извештаи на локалните медиуми ја цитираа казахстанската полиција дека полицајците „елиминирале десетици напаѓачи“ во ноќните судири меѓу антивладините демонстранти и војската во Алмати, што може да значи и смртни случаи, јави ДПА.