Кавани ќе ја заврши кариерата во Бока Јуниорс

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани (37) најави денеска дека неговиот сегашен клуб Бока Јуниорс ќе биде последен во кариерата. Договорот на Кавани со аргентинскиот гигант истекува во декември 2026 година.
„Веќе кажав дека кариерата ќе ја завршам во Бока и мислам дека ќе ја почитувам таа одлука“, изјави Кавани во интервју за „Дарио Оле“
„Мораме многу добро да се подготвиме за 2025 година“, додаде тој. Кавани на лето ќе игра со Бока Јуниорс во новиот формат на Светското клупско првенство, а неговиот тим е во група со Баерн Минхен, Бенфика и Оукленд.
Единсон Кавани за Бока досега одигра 55 натпревари и постигна 23 голови.
Легендарниот уругвајски фудбалер ја почна кариерата во Данубио по што се пресели во Европа, настапувајќи за Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Валенсија. Во Јужна Америка се врати по цели 16 години, потпишувајќи договор со Бока во август лани.
Ново на Сител
-

Папата: Не молчете пред светските конфликти
-

Орбан свика вонреден совет за одбрана откако експлозиви беа пронајдени во Кањижа
-

Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
-

Приведени двајца алкохолизирани тиквешани, едниот возел и без возачка, а друг се расправал со полицајци
-

Променливо време со силен ветер и дожд од средината на неделата
-

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски
-

Николоски: Проектот „Градски воз“ напредува одлично, до јуни ќе биде завршена правата линија, а од 1 септември пуштена во сообраќај
-

Денвер го победи Сан Антонио во продолжение, Јокиќ постигна 40 поени
