-->
-->
Кавадарци домаќин на кошаркарскиот Куп на Македонија
-->

Организаторот Лимак Холдинг и Македонската Кошаркарска Федерација одлучија Купот на Македонија 2017 да се одржи во Кавадарци во спортската сала “Јасмин“ од 17 до 19 февруари.
Лимак Холдинг искажува особена благодарност до Кошаркарскиот Клуб Фени Индустри за поддршката во организацијата на Купот на Македонија во Кавадарци, за отстапувањето на салата и за поддршката околу судискиот и безбедносниот дел од организацијата.
На „Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.
Четвртфиналните натпревари ќе се играат во еден ден. И тоа со натпреварувачки броеви во кои МЗТ Скопје и Карпош Соколи (неиграат во првиот дел) ќе бидат дел од „привилегираната" група од четири клубови, заедно со првопласираните две од првиот дел од сезоната (екипите на Работнички и на Фени Индустри), додека за место во полуфиналето ќе се борат и, Куманово, Кожув, АВ Охрид и победникот од дуелот меѓу Вардар и второлигашот Гостивар кој ќе се игра во среда (8 февруари).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Директорката Гиновска: Усје работи согласно законот, Владата се уште нема одлучено дали ќе го дислоцира
-

Законот за работно ангажирање стапи во сила
-

Мицкоски: Ако сакаме место на Шангајска листа, бројот на научни трудови мора да се зголеми десеткратно
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
