-->
-->
Кавадарци доби бочва како симбол на градот
-->
Кавадарци доби бочва како симбол на градот, откако кавадаречката локална самоуправа и винарската визба „Тиквеш" денеска поставија голема дрвена бочва на кружниот тек на еден од влезовите во градот.
- Се работи за дрвена бочва за вино со капацитет од 9.000 литри, која ја донира Тиквеш, како симбол на градот и Тиквешијата. Самата бочва е тешка 2 тона и во неа може да се чуваат околу 9 илјади литри било какво вино. Бочвата е поставена на важна сообраќајница, на патот кон Росоман кој е дел од обиколницата преку која може да се патува кон Скопје или Прилеп, информираат од Службата за односи со јавноста при општината.
Од општината додаваат дека атракција се поставува во пресрет на прославата на Денот на лозарите „Свети Трифун" на 14 февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час