„Каубоите“ од Далас најбогат клуб во светот

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најбогатите спортски клубови во светот, која исто како и минатата година ја предводи Далас Каубојс.
Вредноста на клубот кој се натпреварува во северноамериканската НФЛ-лига е проценета на 4,8 милијарди долари.
Во однос на минатата година вредноста на клубот пораснала 14 отсто. Иако Далас последен пат бил шампион во НФЛ-лигата пред две децении, тоа не ја намалува вредноста на клубот, чиј сопственик е Џери Џонс.
Џонс во 1989 година го купил клубот за сума од 150 милиони долари.
Второто место на листата му припаѓа на бејзбол-клубот Њујорк Јенкис (3,7 милијарди долари), а потоа следуваат три фудбалски клуба: Манчестер јунајтед (3,69 милијарди), Барселона (3,64 милијарди) и Реал Мадрид (3,58 милијарди долари).
Шести на оваа листа е актуелниот НФЛ-шампион, Њу Ингланд, чија вредност е 3,4 милијарди долари. Во однос на минатата година вредноста на Њу Ингланд пораснала девет отсто.
На седмата позиција се наоѓа првиот клуб кој доаѓа од НБА-лигата, тоа е Њујорк Никс, со вредност од 3,3 милијарди долари.
Меѓу најдобрите 50 клуба во светот најмногубројни се претставниците на американските првенства (НФЛ, НБА, МЛБ), од Англија, покрај Манчестер јунајтед, на листата се и Манчестер сити на 35. место со вредност од 2,08 милијарди долари, односно Арсенал (43. место, вредност 1,93 милијарда) и Челси (46. место, вредност 1,84 милијарда).
Барселона и Реал се единствените претставници на Шпанија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
