Катругалос: Северна Македонија покажа дека е отворена за европската перспектива

Северна Македонија покажа дека е отворена за европската перспектива, сакавме да ја испратиме пораката дека кога една земја се обидува да се усогласи со европското законодавство и ние Европејците треба да реагираме на ист начин и да ѝ го отвориме европскиот пат, вели шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос по работниот појадок на “пријателите на Северна Македонија” во Брисел.
Катругалос кажа дека на состанокот имало големо учество од многу министри, а Грција сакала да испрати неколку пораки, јави дописничката на МИА од Атина.

-Сакавме да ја испратиме пораката дека Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но тоа е процес што се оценува соодветно со напредокот што го реализира секоја земја. Северна Македонија покажа дека е отворена во европските перспективи и покажувајќи политичка храброст, правејќи чекори во спроведувањето и на Договорот од Преспа, но и на важни реформи во нејзината внатрешност. Сакавме да ја испратиме пораката дека кога една земја се обидува да се усогласи со европското законодавство и ние Европејците треба да реагираме на ист начин и да ѝ го отвориме европскиот пат, вели шефот на грчката дипломатија.
Прашан дали тој лично е задоволен од напредокот во спроведувањето на Договорот од Преспа, Катругалос вели дека „и двете страни сакаат да се имплементираат и духот и содржината на договорот”, но и дека иако неколку пати имало отстапувања во спроведувањето, сепак, „од другата страна веднаш се коригирал проблемот што произлегол”.
-Мислам дека генерално треба да бидеме задоволни од досегашното негово спроведување, објаснува Катругалос.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
