Катругалос: Политичко самоубиство за Нова демократија е предлогот за гласање недоверба на владата
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, со свои аргументи, толкување на договорот, го повика грчкиот парламент да не го поддржи предлогот на Нова демократија за недоверба на владата, предлог за кој рече дека е политичко самоубиство за опозициската партија.
Јоргос Катругалос, одговарајќи на критиките од опозицијата рече дека во договорот не е споменат идентитетот, ниту пак националноста, туку само правната врска на граѓаните со државата.
- Во договорот нема никакво споменување на националност, ниту пак би можело да постои. Се споменува државјанство, отворете го вашите пасоши каде што пишува државјанство. Тоа е правната врска на граѓанинот со државата, не е националноста, со тоа не може да се занимава договорот, бидејќи е прашање кое е поврзано со свеста и самоопределувањето.
Катругалос во неговото обраќање за време на расправата во грчкиот парламент, објасни дека договорот, ќе го потпишат двајцата министри за надворешни работи, а ќе стапи во сила само откако ќе биде ратификуван во грчкиот парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
-
Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички
-
Полицајци со калашникови во прилепската болница откако две групи се обиделе да се пресметаат | ВИДЕО
-
Под неисправно возило во Дебар пронајдено оружје и муниција