Катругалос: Обновена е добра рамка на комуникација и соработка со другата страна

Обновена е една многу добра рамка на комуникација и соработка со другата страна во која ги следиме случувањаτа, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчкиот информативен портал „Њуз 247“ во однос на текот на уставните измени кај нас.
Тој вели дека не се сомнева ниту дека „соседната земја ќе го почитува духот на Договорот од Преспа“, ниту дека договорот ќе се ратификува во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
-Обновена е една многу добра рамка на комуникација и соработка со другата страна, во која ги следиме случувањаτа. Не се сомневам дека нашите соседи, како и ние, го почитуваат духот на Договорот од Преспа и дека ова ќе има точен одраз и имплементација во уставната ревизија што е во тек, вели Катругалос, во интервјуто за грчкиот информативен портал.
Во однос на тоа дали Договорот од Преспа ќе стигне и ќе помине во грчкиот парламент, Јоргос Катругалос го повторува неговиот став изразен и од Солун за време на министерскиот состанок.
-Од почеток реков дека немам ни најмал сомнеж за ратификацијата на договорот, кусо одговара алтернативниот шеф на грчката дипломатија во интервјуто за „Њуз247“.
Ново на Сител
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
