Катругалос: Евентуалниот договор за името ќе биде поддржан во грчкиот Парламент

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Јоргос Катругалос изјави дека евентуалното постигнување договор за прашањето за името е од национален интерес на Грција и изрази уверување дека ќе ја добие потребната поддршка во Парламентот.
- Не знам дали ќе постигнеме договор, но не се сомневам дека ако дојде до тоа, ќе биде прифатен од мнозинството во Парламентот, рече Катругалос за радиото „Реал ФМ“.
Тој изрази надеж дека зад евентуалниот договор за името ќе застане и владиниот коалициски партнер Независни Грци, пренесува МИА.
Во однос на можното решение, Катругалос рече дека Атина сака да се најде „име што нема да биде извор на иредентизам и колку што е можно повеќе да прави разлика меѓу соседната земја и историската грчка Македонија, и затоа смета дека словенско име е добро решение“.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
