-->
-->
Катица Јанева призна дека нема докази
-->
Скандалозната изјава со непризнавањето на Собранието, што практично значи и непризнавање на народот бидејќи тоа е претставничко тело на граѓаните, не беше единствен испад на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера одговарајќи на новинарски прашања при учеството на конференцијата „Ефикасна борба против високата корупција: прашање на личност или на систем“.
На новинарско прашање како ја коментира одлуката на Уставниот суд оклу Законот за помилување, Јанева рече дека доказите со кои располагало СЈО во 8о отсто го докажувале обвинението со кое во иднина имале намера да настапат. Со ова Јанева практично призна дека докази нема.
– Со доказите со кои располагаме кои во 80 отсто го докажуваат обвинението со кое имаме намера во иднина да настапиме. Сметаме дека самиот избор и на претседателот и на уставните судии и на пратеници е доведено во прашање и тоа е мојот одговор за Уставниот суд. Мислам дека сите овие се нелегитимни институции и треба да го почитуваат СЈО во нивните истраги за да ја утврдиме вистината, рече Јанева.
Ваквата изјава на Јанева е скандалозна сама по себе, бидејќи специјалната обвинителка со тоа што лицитира со бројки сама признава дека нема доакзи, бидејќи за да се покрене обвинение потребни се докази 100%, односно се друго е надвор од правниот систем. Дополнително, имајќи ја во предвид нејзината пристрасност и непрофесионалност и тие 80 отсто се ставени под сериозен знак прашалник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час
-
Во Управниот суд ќе се одржи промоција на систем за аудио и видео снимање на судски расправи
-
Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија