Катастарот 58 отсто од барањата ги добива во електронска форма
Преку електронскиот шалтер на Агенцијата за катастар на недвижности заклучно со јули годинава се доставени 1.104.599 барања. Во текот на минатиот месец Агенцијата по електронски пат добила 43.150 од вкупно поднесените 73.837 барања или 58 отсто, додека во истиот период лани електронски биле доставени 38.517 од вкупно поднесените 83.937 барања, односно 46 отсто.
- Оваа реформа веќе ги дава резултатите, а тоа најдобро се гледа на шалтерите во Агенцијата за катастар на недвижности. Денес имаме 58 отсто помалку граѓани кои треба да дојдат до нашите шалтери за да поднесат барање со што значително се намали гужвата во катастарот, вели директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.
Потенцира дека нивните напори не застануваат тука.
- Цел ни е катастарот да прима што е можно повеќе предмети по електронски пат и за тоа минатото лето поднесовме иницијатива за промена на 30 закони за сите државни институции и приватни субјекти со пренесени јавни овластувања да се поврзат со катастарот и да комуницираат по електронски пат. До сега се изменети 23 закони, а преостанатите седум се во владина процедура, потенцира Трпески.
Електронскиот шалтер што Агенцијата за катастар на недвижности го пушти во употреба во февруари 2014 година, го користат 711 професионални корисници, односно сите геодетски фирми, сите нотарски канцеларии, сите општини, извршители, банки, проценители, стечајни судии, министерства, агенции и управи.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила