Катар: Наскоро ќе биде објавено времето на прекин на огнот
Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи изјави дека разговорите за заложниците со посредство на Доха „напредуваат“ и оти точното време за почеток на примирјето ќе биде објавено во наредните часови.
Катар, Израел и Хамас вчера одделно најавија дека договорот ќе стапи во сила во 10 часот утринава, но Израел подоцна објави дека имплементацијата нема да се случи пред петок наутро поради очигледни логистички доцнења.
Висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека одлуката за одложување на спроведувањето на договорот за заложници за еден ден, до петок, ја донел Израел заедно со Катар и Египет и оти САД се во тек со развојот на ситуацијата.
Според него, потребно е повеќе време за да се финализираат деталите и да се „минимизираат работите што би можеле да тргнат наопаку“.
Според договорот, Хамас ќе ослободи 50 израелски заложници – деца, нивните мајки и други жени, за четиридневен прекин на борбите и ослободување на 150 палестински затвореници.
Ново на Сител
-
Мота: Јувентус треба да бара постојаност во резултатите
-
Судот за спортска арбитража во април ќе ја разгледа жалбата на ВАДА за Синер
-
Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години
-
Еден допир со топката на Нејмар го чини Ал-Хилал над милион евра
-
Традиционалниот Василичарски концерт вечерва на сцената на Националната опера и балет
-
Американските компании донираат средства за настраданите од пожарите во Калифорнија
-
Зеленски: Санкциите за руската нафта значително ќе влијаат на руското финансирање на војната
-
Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“