-->
-->
Каталонската „војна“ за Барселона
-->
Многу нечист фудбал и 5 голови видоа љубителите на фудбалот на Камп Ноу каде се играше каталонското дерби во рамките на шпанскиот куп. Барселона го совлада Еспањол со 4-1 и обезбеди недостижна предност за реваншот во 1/8 финалето на Копа дел Реј.
Инаку Еспањол прв го отвори резултатот во 8. минута но Меси со два гола направи пресврт и асистираше за 3-1 на Пике.
Четвртиот гол го постигна Нејмар во финишот.
Инаку гостите играа многу остро и на моменти грубо и го завршија мечот со две исклучувања а судијата комотно можеше да исклучи уште некој гостински фудбалер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
