Кастриот Реџепи: Мое приватно право е каде ќе престојувам
Откако вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата Дебати на ТВ Шења, го обвини Зоран Заев дека го чувал Кастриот Реџепи во премиерската вила на денот на гласањето недоверба на влада, денеска Кастриот Реџепи изјави дека негово право е каде ќе престојува за неговата и безбедноста на семејството.
-Се што имав да кажам го кажав на мојата прес конференција и јавни настапи. Мое приватно право е каде престојувам во одреден ден според мојата проценка за мојата безбедност и на моето семејство. Најбитно е дека јас како пратеник со мандат го искористив моето уставно право да одлучам според моето убедување и со тој потег се обезбеди стабилно зголемено мнозинство и непречен дијалог со Република Бугарија, изјави Реџепи за „Фокус“.
Ново на Сител
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата