-->
-->
Кастратовиќ: Букурешт е квалитетен ривал
-->

Женскиот ракометен првак на Македонија ЖРК Вардар утре со натпреварот против романската екипа Букурешт ги продолжува натпреварите од Лигата на шамионите. Букурешт во оваа фаза стартува со 5 бодови (бод повеќе од ЖРК Вардар), кои ги пренесе од првата фаза на натпреварите и се наоѓа на второто место во групата веднаш зад европскиот првак Будуќност.
- Имавме доволно време да се подготвиме, а направивме и добра анализа. Потребно е сите 60 минути да одиграме квалитетно за да стигнеме до победата. Секако и да играме со „мирна глава“. Букурешт е квалитетен тим и не треба да брзаме, со добра одбрана и контри да стигнеме до триумф, истакна денеска на прес-конференција тренерот Индира Кастратовиќ.
ЖРК Вардар со комплетен состав без проблеми околу повреди го очекува саботниот натпревар.
- Се надевам на добар старт во 2016 година. Букурешт е добра екипа, но и ние сме добро подготвени и добро трениравме изминатиов период. Очекувам и помош од трибините на овој важен дуел, изјави Андреа Пенезиќ.
За претседателот на клубот Гордана Нацева дилеми не смее да има особено што целта на тимот е нов пласман на завршниот турнир.
- Важно е да се почне со победа, а девојките се желни за натпревар. Противникот е добар, но бодовите се важни, рече на пресот Нацева.
Натпреварот ЖРК Вардар – Букурешт се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот. Од групата 2 утре се игра и дуелот меѓу Ѓер и Будуќност, додека во недела играат Митјиланд - Савехоф.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ирански напади врз американските бази во земјите од Заливот
-

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
-

На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
-

Шпанија е светски шампион во фудбал
-

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
