Кастанер: Франција се подготвува за враќање на џихадистите од Сирија

Франција се подготвува за враќање на француските џихадисти кои беа заробени од страна на курдските власти во Сирија, откако САД објавија дека се повлекуваат од земјата, изјави министерт за внатрешни работи Кристоф Кастанер.
– Американците ја напуштаат Сирија, а таму има луѓе кои се притворени бидејќи Американците беа таму. Тие ќе бидат ослободени и ќе сакаат да се вратат во Франција, изјави Кастанер за ТВ БФМ.
Во однос на тврдењата дека наредната недела треба да бидат ослободени 130 француски џихадисти, тој рече дека сака „сите кои ќе се вратат во Франција веднаш да бидат предадени пред лицето на правдата“.
Франција, како и другите европски земји, се бори со проблемот предизвикан од обидите на осомничените екстремисти да се вратат, заедно со нивните семејства, од воените зони во Ирак и во Сирија.
Политиката на Владата досега беше категорично отфрлање на опцијата за враќање на борците со семејствата во земјата.
Министерот за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан ги окарактеризира како „непријатели“ на нацијата кои треба да бидат изведени пред лицето на правдата во Сирија или во Ирак.
Според медиумите курдските сили во североисточна Сирија држат околу 150 француски државјани.
Властите проценуваат дека околу 250 француски џихадисти и натаму се борат во Сирија.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
-

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази
-

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава
-

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене
-

16-годишно девојче од Скопје пријавено за исчезнато, пронајдено во стан во Гостивар
