Касами останува на ставот за предвремени избори, ја обвини власта за лажна евроинтеграција
– Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово Биљал Касами по прозивките од власта дека е против евроинтеграциите, порача дека проблемот е токму во актуелната Влада и затоа сака да има предвремени избори. Тој ги повтори ставовите дека потребно е да има предвремени парламентарни избори.
-Сигурно сме против евроинтеграциите кои ги води Османи и бандата на Груби. Затоа што тие интеграции не одат напред кон ЕУ туку одат напред кон корумпирана власт и одат напред кон власт која не работи во интерес на граѓаните и забрзување на процесот на евроинтеграции туку оди назад. Целиот ангажман на групата на ДУИ во Владата е како тие да се збогатат, а не како да се оди понапред со процесот на евроинтеграции. Но за жал нивните усти се полни со евроинтеграции, а во реалноста секојдневно работат да нашите млади бегаат во Европа, е не ние како држава да бидеме интегрирани во ЕУ, изјави Биљал Касами по денешната последна седница на Советот на Општина Тетово.
Според Касами како добар период за вонредни избори е пролетта. Тој вели дека дотогаш ќе ги артикулира ставовите во партиските структури и планира и протести доколку нема предвремени избори.
-Како опозиција ги средуваме нашите редови за да од пролет ако нема слух за предвремени избори да го артикулираме незадоволството на граѓаните и ако треба ќе организираме и граѓански протести. Цениме дека оваа влада не се справува најдобро со економската криза, посебно со енергетската криза кога секој ден има покачување на цените, а нема ниту еден случај каде има такво намалување. Ние цениме дека оваа власт е нефункционална и не ги решава проблемите на граѓаните затоа што побрзо треба да се оди на избори. Затоа се организираме со артикулирање на сите проблеми преку нашите депарменти и на пролет ќе разговараме со нашите структури како и кога ќе одиме со организирање на граѓански протести, рече Касами.
Тој рече дека за протестите нема координација со други партии зошто и самите немаат сериозен предлог и дискусијата во органите на партијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
