Касами: Можни се уставни измени годинава, но и предвремени избори
Уставните измени може да се направат оваа година, изјави лидерот на Беса и актуелен градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
- Верувам дека уставните измени ќе се направат годинава. Која Влада ќе ги направи овие измени, тоа е друга тема. Можни се предвремени избори. Владата треба да прифати дека со оваа политика не може да се постигне мнозинство. Ако оваа влада е заинтересирана да ги направи уставните измени и да го продолжи патот кон ЕУ, мислам дека со договор на лидерите може да се обезбеди мнозинство за уставните измени, истакна Касами.
Тој најави најави и широк опозициски фронт пред избори.
Касами вели дека сега кога Алијанса за Албанците стана дел од Владата се отвара терен за опозицијата, конкретно сите албански гласачи со опозициско убедување, сега ќе се доближат до Беса.
- Освен тоа, големо е незадоволството и кај гласачите на ДУИ. Но не само тоа. И другите етнички заедници се целосно незадоволни од оваа Влада. Ние сакаме да им отвориме врата и на другите етнички заедници, на пример на Турците, Ромите, Бошњаците, и другит, вели Касами.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу
-
Потенцијал за био економија има, недостасуват едукација, правна рамка и стратегии
-
Во Македонија се уште е слаб интересот за волонтерство
-
ДУИ постави шатори пред Уставен суд