-->
-->
Карвахал го пропушта ЕП во Франција
-->
Десниот бек на Реал, Дани Карвахал, поради повреда ќе го пропушти Европското првенство во Франција. Карвахал, во саботата против Атлетико, го повреди бутниот мускул и во солзи го напушти теренот на „Сан Сиро“.
Шпанските медиуми пишуваат дека докторите на Реал ја дијагностицирале повредата на десниот мускул, но не понудиле конкретна информација колку ќе трае периодот на рехабилитација.
Шпанскиот селектор во Франција ќе патува со два десни бека, а откако отпадна Карвахал, пандан на десниот бек на Атлетико, Хуанфран, ќе му биде младиот играч на Арсенал Ектор Белерин.
Белерин за Шпанија дебитираше во неделата на пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина (3-1).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025