-->
-->
Картите за дуелот Милан – Шкендија од 20 до 140 евра
-->

Италијанскиот фудбалски гигант Милан ги објави цените на картите за мечот против Шкендија во рамките од плејофот на Лига Европа.
Тетовци на 17 август ќе гостуваат во Милано на „Сан Сиро“, каде против фаворизираниот Милан ќе се обидат да извлечат поволен резултат пред реванш дуелот.
Картите за овој натпревар веќе се пуштени во продажба, а најевтината влезница ќе чини 20 евра, додека најскапата изнесува 140 евра.
„Росонерите“ очекуваат нивните симпатизери да ги исполнат трибините на „Сан Сиро“ како што тоа беше случај и на претходниот мееч против Крајова. На овој натпревар се очекува и официјално деби на новите засилувања на Милан Леонардо Бонучи и Лукас Биглиа, кои се најдоа во потесниот избор на Винченцо Монтела за овој натпревар.
Реваншот меѓу Милан и Шкендија ќе се игра седум дена подоцна (22 август) во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
