Картер: Русија очигледно сака да го поткопа светскиот поредок

Министерот за одбрана на САД, Ештон Картер, упати остри критики кон Русија поради, како што рече, „очигледниот стремеж да го поткопа моралниот меѓународен поредок“, преку принуди и агресија.
Во говорот, пред студентите од Универзитетот во Оксфорд, Картер го укори однесувањето на Русија во Украина, Сирија и киберпросторот, и го оквалификува како „непрофесионално“.
Тој ја обвини Москва за нуклеарна варијанта на „ѕвечкање на оружје“.
Според Картер, Русија се стреми да создаде нестабилност надвор од нејзините граници, вклучително и на Блискиот исток.
Американскиот министер за одбрана ја повика Русија да одигра конструктивна улога во Сирија со цел трајно прекинување на огнот.
Картер го спомена заедничкиот напредок на земјите по крајот на Студената војна, но забележа дека во моментов Русија „изгледа е водена од погрешно насочени амбиции и неосновани стравови“.
Ново на Сител
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла | ФОТО
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
