Картер: Коалицијата против ИД ги усогласи следните чекори
Учесниците на средбата на министри за одбрана на земјите од коалицијата против Исламска држава се договорија за следните дејствија, кои ќе бидат преземени, пренесе ТАСС, цитирајќи го американскиот министер за одбрана Ештон Картер.
-Ги разгледавме и усогласивме следните чекори во нашата кампања, кои, се разбира, нема јавно да ги кажеме. Сакам, меѓутоа, јасно да кажам: тоа ќе доведе до загуба на контролата на ИД над градовите Мосул, во Ирак, и Рака, во Сирија, рече Картер.
Според него, на средбата се разгледани и ресурсите што се неопходни за постигнување на поставените задачи.
Шефот на Пентагон информира дека некои земји изразиле намера да го зголемат својот придонес во борбата со терористичката група.
Тој, меѓутоа, изрази стравување од настаните кои можат да го следат очекуваниот пораз на ИД и сомнение дали земјите се подготвени да ги стабилизираат и обноват од војната опустошените градови во Ирак и Сирија
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.