Картер го осуди неодговорното однесување на Русија во Сирија
Американскиот министер за одбрана Ештон Картер го осуди денеска однесувањето на Русија во Сирија како неодговорно и одредено на неуспех.
- Ние нема да се согласиме да соработуваме со Русија се додека таа продолжува да спроведува погрешна стратегија, истакна Картер по средбата на министрите за одбрана на земјите од НАТО во Брисел.
Тој го оцени однесувањето на руските вооружени сили како „се понепрофесионално“.
Картер предупреди дека „ова однесување ќе има последици за Русија, за која постои опасност од напад против себе си. јас очекувам во следните денови Русите да започнат да губат човечки животи во Сирија, прогнозира американскиот министер.
Картер нагласи дека Русија паднала во се подлабока изолација, додавајќи дека „само Кремљ може да одлучи да го промени тоа“.
Ново на Сител
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен