Тенис
1. July 2017 - 15:05

Каролина Плишкова победничка во Истбурн

Чешката тенисерка Каролина Плишкова ја оправда фаворитската улога во финалето на турнирот во Истбурн. Таа ја совлада поранешната најдобра тенисерка Каролине Возниацки со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4). 

Ова е прва титула за третата тенисерка на светот, Плишкова на овој турнир, додека за Возниацки останува утехата дека е во добра форма пред настапот на Вимблдон.