Спорт плус
1. December 2016 - 12:25

Карлсен ја одбрани светската титула

Норвежанецот Магнус Карлсен ја одбрани светската шаховска титула  откако во финалето беше подобар од Русинот Сергеј Карјакин. 

Мечот се играше во Њујорк и беше многу возбудлив и во регуларните 12 партии резултатот гласеше 6-6. 

Потоа се играше „рапид“ , четири партии во брзопотезно темпо а повеќе нерви на крајот од исцрпувачкиот меч имаше Норвежанецот кој славеше со 3-1 и ја одбрани титулата која ја освои во 2013 година. 

Ново на Сител