Карлос Саинц ја повлече кандидатурата за претседател на ФИА
Шансите на Мохамед Бен Сулајем да биде реизбран за претседател на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) се зголемија, откако денеска Шпанецот Карлос Саинц постариот (63) ја повлече својата кандидатура за челното место во ФИА.
„Со оваа порака, јавно потврдувам дека конечно решив да не се кандидирам за претседател на ФИА на овогодинешните избори“, објави Саинц на социјалната мрежа Икс.
„Работев напорно во текот на изминатите месеци за детално да ја разберам ситуацијата во ФИА и барањата и сложеноста што доаѓаат со еден толку важен проект. Откако темелно размислив, дојдов до заклучок дека сегашните околности не се идеални за поставување темели за мојата кандидатура“, додаде поранешниот двократен светски шампион во рели, четирикратен победник на Дакар и татко на истоимениот возач на Вилијамс во Формула 1.
Во моментов нема друг кандидат освен Бен Сулајем, кој ја води ФИА од декември 2021 година, кога го наследи Жан Тод.
Ново на Сител
-
Ерика Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, вера и милосрдна љубов
-
По Скопје и Битола, Торонто е град со најмногу Македонци во светот
-
Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди источниот брег на Камчатка
-
САД ветија дека ќе ја заштитат територијата на НАТО по нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Вучиќ: Сакам избори во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија
-
Сончево и топло, од утре дожд
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист