Карлос Саинц ја повлече кандидатурата за претседател на ФИА
Шансите на Мохамед Бен Сулајем да биде реизбран за претседател на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) се зголемија, откако денеска Шпанецот Карлос Саинц постариот (63) ја повлече својата кандидатура за челното место во ФИА.
„Со оваа порака, јавно потврдувам дека конечно решив да не се кандидирам за претседател на ФИА на овогодинешните избори“, објави Саинц на социјалната мрежа Икс.
„Работев напорно во текот на изминатите месеци за детално да ја разберам ситуацијата во ФИА и барањата и сложеноста што доаѓаат со еден толку важен проект. Откако темелно размислив, дојдов до заклучок дека сегашните околности не се идеални за поставување темели за мојата кандидатура“, додаде поранешниот двократен светски шампион во рели, четирикратен победник на Дакар и татко на истоимениот возач на Вилијамс во Формула 1.
Во моментов нема друг кандидат освен Бен Сулајем, кој ја води ФИА од декември 2021 година, кога го наследи Жан Тод.
Ново на Сител
-
За сигурни пензии ќе мора да се зголеми старосната граница за пензионирање
-
Стан од 96 квадрати во Центар продаден за 260.000 евра, најмногу продажби во Аеродром
-
„Приказната за Силјан“ - македонски кандидат за Оскар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложено судењето за тепањето млади фубалери
-
Генерички обуки за административни службеници - чекор кон европска администрација
-
Од 19-ти до 21-ви септември „Штипска пастрмалијада 2025“
-
Доброволното противпожарно друштво во Василево веќе активно делува на терен