Фудбал
5. January 2016 - 13:49

Карлинг куп: Стоук домаќин на Ливерпул во полуфиналето

Во англискиот фудбалски Лига куп, денеска и утре на програмата се првите натпревари од полуфиналната рунда. Во првиот дуел кој ќе се игра вечерва на стадионот „Британија“ во Стоук се среќаваат екипите на Стоук и Ливерпул.
 
Двата тима во овој меч влегуваат со идентична серија на резултати по два порази, две победи и еден нерешен резултат.
 
Стоук во моментов е на 10.место на табелата во Премиер лигата, а Ливерпул е осми со два бода повеќе од вечерашниот противник.
 
Дуелот Стоук – Ливерпул ќе почне од 21 часот, а утре во истиот термин ќе играат Евертон и Манчестер Сити.
 
Реванш натпреварите ќе се играат на 26 и 27 јануари.