Карл фон Хабсбург: Промена на датумот на избори е апсолутно неприфатливо
Силите одвнатре и однадвор се обидуваат повторно да го променат датумот на избори, што според мене е апсолутно неприфатливо. Мислам дека изборите треба да се случат во јуни и не треба да се одлагаат повторно поради технички причини каде што не гледам дека има екаква валидност.
Ова го вели Карл Фон Хабсбург, актуелен претседател на Пан-европската Унија на Австрија и прв човек на династијата Хабсбург во своето гостување во емисијата „Гласот на народот“.
Тој вели дека ако ја погледе актуелната политичка ситуација во Македонија, и Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов “плаќаат цена поради тоа што се апсолутно исправни во тоа што го прават и за тоа што се држат до владеењето на правото и Уставот“.
-Затоа што мислам дека владеењето на правото и Уставот мора да се поддржат од секого кој што е на политичка позиција, пред се мислам на претседателот Иванов и поранешниот премиер Груевски кои се обидуваат да го одржат владеењето на правото против меѓународниот притисок, кој што им се врши понекогаш. Тие се многу чесни лица, воопшто не се сомневам во тоа. Ова се најважните две личнсоти кои што ја претставуваат Македонија на меѓуанродно ниво, и за мене се лица со интегритет и никогаш сум немал причина да се сомневам во нивниот интегритет, вели Фон Хабсбург.
Тој додава дека државите не смеат ништо да наметнат на Македонија и да почнат да и туторираат или наметнуваат нешто.
– Мислам дека не треба да се сомневаат во Уставот на Макеоднија, кој што е зкаонски е донесен на сила и треба да се постапува согласно Уставот, вели Фон Хабсбург.
Ново на Сител
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција