Карикатуристот кој го нацрта пророкот Мухамед со тело на куче загина во сообраќајна несреќа
Шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, кој го нацрта пророкот Мухамед со тело на куче, загина во сообраќајна несреќа, објави Би-Би-Си.
Вилкс (75) живееше под полициска заштита откако добил бројни смртни закани поради карикатурата.
Според локалните медиуми, карикатуристот патувал со полициски автомобил без ознаки кој се судрил со камион во близина на градот Маркарид во јужна Шведска. Загинаа и двајца полицајци, а возачот на камионот е повреден.
Карикатурата, објавена во 2007 година, навреди многу муслимани, кои сметаа дека тоа е богохулие. Набргу потоа, Ал Каеда понуди награда од 100.000 долари за убиство на Вилкс.
Цртежот предизвика бес и го натера тогашниот премиер Фредрик Рајнфелд да се сретне со амбасадорите од 22 муслимански земји во обид да ги смири тензиите.
Во полициското соопштение се наведува дека се уште не е јасно како дошло до судирот, но првичниот увид не покажал умисла.
Ново на Сител
-
Вкупно 18 членки на ЕУ поднеле барање за исплата на средства од одбранбениот механизам САФЕ
-
Променливо облачно со локален пороен дожд
-
Посебен сообраќаен режим вечер во Скопје поради снимање филм
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
-
Мајор уапсен за шпионажа: Наводно доставувал информации на Русија за украинските борбени авиони
-
Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден, соопштија здравствените власти во енклавата
-
Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
-
Жители на Русиново остануваат на терен по синоќешниот пожар кај месноста Св Марко кој е локализиран