Македонија
23. December 2015 - 19:42

Кариерните центри во училиштата со посебни потреби придонесуваат учениците да најдат работа

Вработување на учениците со посебни потреби преку зајакнување на нивните вештини.

50 средношколци со образовни потреби веќе работат во приватни компании како резулат на зголемената практична настава во училиштата.

Со помош на кариерните центри, преку адаптирани образовни програми се зголемува знаењето на учениците, нивната стручност како и работа со компјутери.

Кариерен центар денеска вбеше отворен и во Наум Охридки со што сите 4 државни школи за ученици со посебни потреби имаат простор за доусовршување.

Во центарот за рехабилитација учат 150 средношколци а компаниите се повеќе ги отвараат вратите за лицата со посебни потреби.

Проектот за кариерни центри функционира неколку години. Од 101 средно училиште во земјава ценрти за ариера има во 53 кои им помагаат на учениците при изборот на нивната професија.