KARIERA.mk – Македонска мрежа од над 700.000 луѓе
Денеска и официјално е лансиран KARIERA.mk - новиот македонски сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување кој произлезе како резултат на заедничката соработка помеѓу тимови со над 10 годишно искуство во HR и IT индустријата.
KARIERA.mk ќе нуди преглед на актуелни огласи за работа во Македонија, достапни пракси, стипендии и останати можности за неформално образование со што цели да стане централно место кое ќе Ви помогне да напредувате во Вашиот професионален развој.
“Исклучително сме горди што заедно со нашите партнери, некои од најголемите агенции за вработување во државава, обезбедивме сервис кој ќе им помогне на сите баратели на работа полесно да дојдат до посакуваното вработување а истовремено и што на компаниите им ја олеснуваме потрагата по соодветни профили за позициите за кои имаат потреба“ – вели Ѓорѓи Какашевски, еден од основачите на KARIERA.mk.
Секој кандидат ќе може да си креира свое професионално CV и со само еден клик на копчето “Аплицирај“ да се пријави како заинтересиран за определено работно место, пракса или стипендија.
Истовремено, KARIERA.mk ќе им овозможи на компаниите и агенциите за вработување да пребаруваат од достапната база на регистрирани апликанти и во согласност со нивниот профил да селектираат и понудат работа на оние кои се најсоодветни за определено работно место.
Огласите објавени на KARIERA.mk ќе бидат споделувани и преку Фејсбук страни кои вкупно имаат над 600.000 активни следбеници а ќе биде испраќан и таргетиран newsletter на преку 100.000 пријавени кандидати - што овој сервис несомнено го прави најголема македонса мрежа за вработување сочинета од преку 700.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари изборија пласман на Европското првенство 2026
-
Облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени