Кари испиша историја во НБА лигата
Кошаркарот на Голден Стејт, Стивен Кари, влезе во аналите на НБА лигата како играч со најмногу постигнати тројки во еден календарски месец.
Кари со 37 поени, од кои седум тројки, му помогна на Голден Стејт во синоќешниот триумф на својот тим над Сакраменто, со што стигна до бројката од рекордни 85 успешни реализации за три поени во месец април.
Ноќ за паметење во најсилната кошаркарска лига на светот имаше и тимот на Вашингтон, кој триумфираше на домашен терен над Кливленд со што ја запиша осмата победа во серија, за прв пат од декември 2001 година.
Резултати во НБА лигата од ноќта меѓу неделата и понеделник:
Бруклин – Феникс 128:119
Орландо – Индијана 112:131
Атланта – Милвоки 111>104
Голден Стејт – Сакраменто 117:113
Вшингтон – Кливленд 119:110
Портланд – Мемфис113:120
Шарлот – Бостон 125:104.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
