Кардинали се налутија поради отворање Мекдоналдс во Ватикан
Кардинали во Ватикан се налутија поради информацијата за отворање ресторан на Мекдоналдс кај плоштадот Свети Петар над кардиналската резиденција.
- Ова е, во најмала рака, контроверзна, перверзна одлука, изјави кардиналот Елио Сгреча во интервју за весникот „Република“.
Според него, отворањето на Мекдоналдс од десната страна на ватиканската базилика „ниту на еден начин не ја почитува традицијата на архитектурата на плоштадот Свети Петар“.
Тој му пишал дури и на папата Франциско, барајќи негова интервенција против ваквата одлука, која на Ватикан би му носела 30.000 евра месечно, но и бучава и мирис на сендвичи, пишува „Република“..
- Во текот на последните неколку години, идентитетот на ова подрачје е загубен, истакна Морено Проспери, шефот на Комитетот за заштита на историската област околу Ватикан поради, како што нагласил, „зголемениот број на дуќани за сувенири и улична продажба“.
Ново на Сител
-
Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Без вода дел од корисниците од улицата „Востаничка“
-
Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“
-
Трамп: Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам
-
ЕУ воведува контра царини за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра
-
Облачно и топло, попладне врнежи од дожд
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција